Профил

Дори ТравелДПУТ Дори егзистира од 1992 година со основна дејност превоз на патници. Во 2004 година отвара своја деловница - туристичка агенција ДОРИ- денес со комплетна и квалитетна услуга цврсто стои на пазарот.


Туристичка агенција ДОРИ поседува лиценца "А" за вршење туристичка дејност, со број 207,одобрена од Министерството за економија на Република Македонија.


Би сакале посебно да го насочиме Вашето внимание кон трансфер услугите кои Ви ги нудиме. Располагаме со шест автобуси од кој три се високо туристички ( 50 седишта), 4 минубуси( 20 седишта), 1 минибус(23 седишта), 1 комбе( 8 седишта) и еден автомобил.Со ваквиот капацитет на возила секогаш Ви стоиме на располагање најбрзо и најсигурно да стигнете до Вашата посакувана дестинација.


Со помош на дирекниот пристап до AMADEUS системот,во можност сме да Ви обезбедиме најповолни авионски билети за сите континенти,од реномираните авионски компании: MAT, JAT, Malev, Turkish airlines, Croatia airlines, Austrian и многу други.
Ви нудиме и автобуски билети како за редовните така и за сезонските линии во текот на летниот и зимскиот период.


Од областа на туризмот,Ви стоиме на располагање за организарање на екскурзии во Македонија и надвор од неа, хотелско и приватно сместување, лиценцирани туристички водичи. Организираме посета на саеми, семинари, советувања и конгреси.

Исто така во соработка со осигурителните компании Триглав , Еуролинк, и Кроација издаваме полиси за патничко и здравствено осигурување.

ТА ДОРИ денес е официјален застапник за WESTERN UNION -светска организација за брз трансфер на пари.


Официјален застапник


Официјален застапник