Верона-Lido di Jesolo-Бурано-Мурано-Венеција (ПОАЃАЊЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА)

За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“... Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации.

Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции.

 

(23.05.2019 – 27.05.2019)

 

Прв ден: 23.05.2019 (четврток)

Поаѓање кон Италија на пладне со туристички автобус преку граничниот премин Табановце.Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија  со попатни паузи.

 

Втор ден: 24.05.2019 (петок)

Пристигнување во Италија  во претпладневните часови.Poseta na gradot Verona ( fakultativno). Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија. Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не заборавајте и не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра .

Verona - grad pod  заштита на УНЕСКО и освен прочуената Арена, познат е и по преубавите мостови на реката Adige, црквите, плоштадите, тврдините и палатите, како и по специфичната архитектура со многу градби од розова цигла. Шекспир го сместил сценариото за Ромео и Јулија токму во Верона, а денес атракција е балконот на куќата на Јулија на кој наводно двајцата се заколнале на вечна љубовВrakawe vo  попладневните часови vo  Лидо ди Јесоло, туристичко место во Венецијанскиот залив кое има 15 километри долга песочна плажа, многу хотели и повеќе од десет плоштади. Сместување во хотел  3***.  Ноќевање.

 

Трет ден: 25.05.2019 (сабота)

Појадок.Zаминување на групата кон пристаништето Пунто Сабионе, а потоа  со брод на целодневен излет кон  магичните острови на венецијанската лагуна - Мурано и Бурано .

Приказната започнува од шарениот остров Бурано, надалеку познат по производството на тантела со игли.  Кога Леонардо да Винчи го посетил во 1481 година, од таму купил ткаенина за главниот олтар на Миланската катедрала Duomo di Milano, па оттогаш се почнало со масовно производство кое било извезувано низ цела Европа. Денес само мал број жени ја изработуваат тантелата на традиционален начин и затоа е многу скапа.

Обоен во шаренило и контраст, легендата за овој град вели дека боењето на фасадите започнало одамна, кога рибарите имале потреба да си ја распознаат куќата кога се враќале дома во мрачно или магловито време. Веќе со векови секое семејство во Бурано има своја „заштитна боја” на куќа, а денес доколку некој сака да го обои својот дом, тој мора да испрати барање до Владата, која што ќе му одреди која боја смее да ја користи.

Pродолжуваме кон  Мурано (стаклениот остров) каде се произведуваат најубавите лустери, преубавите сувенири, накит, чаши, чинии...Во 1921 година заради спречување на можноста од избувнување на пожари донесена е одлука целото производство на стакло да се пресели од Венеција на овој остров, па така се до 18. век Мурано држел монопол во производството на стакло. Стакларите биле најценетите граѓани на островот-носеле меч, имале имунитет од казни, можеле да се женат со ќерките од најдобрите семејства во Венеција. За возврат на сето тоа тие имале забрана да го напуштаат островот бидејќи на тој начин се настојувало да се сочува тајната на производството на стакло. Слободно време за уживање во раскошната убавина на островот.

Потоа се упатуваме кон Венеција, Позната како  “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“... Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО.  Градот кој наместо улици има канали, а наместо автомобили гондоли . Организиран разглед на градот плоштадот и базиликата Свети Марко, Дуждевата Палата, Мостот на воздишките ,Дуждовата палата,Каналот Гранде,мостот Риалто ...

       Слободно време да продолжете со прошетки и уживање  вкусувајки го  најубавото италијанско кафе, италијански свецијалитети ,можност за возење со елегантните гондоли, шопинг низ тесните улички кои се преплавени со обележјето на градот-венецијанските маски.Во доцните попладневни часови ја напуштаме Венеција со брод и вракање во Лидо ди Јесоло.Нокевање.

 

Четврти ден: 26.05.2019 (недела)

Појадок.Попатна пауза во Палманова.Напладне поагање кон Гевгелија.Нокно возње со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во утринските часови на 27.05.2019г.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :  8600 ден.

 

 Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз на наведената релација со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок во хотел 3 *** во Лидо ди Јесоло

- лиценциран придружник на патувањето

- Организација на аранжманот и придружник на  патувањето

  

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Посета на Верона – 10 евра

- Превоз со автобус и брод од Лидо Ди Јесоло до островите Бурано, Мурано и Венеција– 35 евра

- Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотелот во Лидо ди Јесоло)

- Патничко  осигурување

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 45патници

 

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 45патници

 


Официјален застапник


Официјален застапник