Венеција - Велигден

ФИРЕНЦА - СИРМИОНЕ - ВЕРОНА

Термин: 26 Април

 

ПРОГРАМА:

1 ден   26.04.2019 СКОПЈЕ:                                       
 

Состанок на групата во 13.30 ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 14.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден  27.04.2019 ВЕНЕЦИЈА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:
 

Пристигнување во Лидо ди Јесоло во предпладневните часови. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.   Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 28.04.2019  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ФИРЕНЦА:
 

Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити...  Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.

 

4 ден  29.04.2019  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - СИРМИОНЕ – ВЕРОНА :
 

Појадок . Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија. Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни паузиза одмор и царински формалности.

 

5 ден  30.04.2019 СКОПЈЕ:
 

Пристигнување во Скопје во попладневните часови .

 

 

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО  01.03.2019:  139 евра / 8.620 ден

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  159 евра / 9.860 ден

 

                                                                                                                                

Цената вклучува:

 -Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

-2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло, хотел 3*

- Посета на Трст

-Организација на аранжманот

- Лиценциран туристички придружник на патувањето

 

 

  Цената не вклучува:

- Превоз+Разглед на Венеција + бродски билет до/од Венеција  25 €

- Целодневна посета на Фиренца 45 €

- Целодневна задолжителна посета на  Верона и Сирмионе 20 €

- Туристичка такса за ноќевање во Италија( 1 €  по лице по ноќ, се плаќа во агенција)

- Влезници за музеи и споменици

- Задолжително патничко осигурување 175 мкд

- Доплата за еднокреветна соба 2.100 денари

           

·               НАПОМЕНИ:

·               * За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

·               * Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

·               * За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

·               * Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ

·               * Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

 


Официјален застапник


Официјален застапник