ВЕЛИГДЕН ВО КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА

КУШАДАСИ-ПАМУК КАЛЕ-ЕФЕС-ИЗМИР

(25.04.2019 – 29.04.2019)

  

15-ТА ГОДИНА ПО РЕД ВЕ ВОДИМЕ ЗА ВЕЛИГДЕН ВО ЕФЕС, НА НАЈСВЕТОТО МЕСТО ВО ТУРЦИЈА

 

*****ЈУБИЛЕЈНО ПАТУВАЊЕ ПО СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА : 159 евра (9.860 денари)*****


 

ПОСЛЕДЕН ТЕРМИН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 30. март 2019 !

__________________________________________________

 

Прв ден: 25.04.2019 (четврток)

 

15.00 часот.Заминување на групата од Македонија кон Турција од Скопје и од Кавадарци во 17.00 часот (пред туристичките агенции). Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на  Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

 

 

Втор ден: 26.04.2019 (петок)

 

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со задолжителна фото пауза пред макетата на коњот користен во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Кушадаси. Во попладневните часови пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотел  „Dabaklar“ 4**** во Кушадаси ( http://www.dabaklarhotel.com/). Вечера. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 27.04.2019 (сабота)

 

Појадок. Заминување на групата кон Памук Кале со попатна посета на хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“. Единствена можност за мачкање со лековита кал и користење  на базените со термална бања. Ручек на богата шведска маса (факултативно). По ова несекојдневно доживување, посета на единствениот природен феномен во светот Памук Кале и античкиот Хиераполис и изворот на Клеопатра. Слободно време за користење на изворите за капење (факултативно). Враќање во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 28.04.2019 (недела)

 

Појадок. Заминување на групата кон Ефес. Пристигнување и присуство на свештената служба во најсветото место во Ефес - куќата на Дева Марија каде што Богородица живеела последните седум години од својот земски живот. По разгледувањето и престојот на најубавото и најсветото место за Велигден, продолжуваме кон  античкиот град  Ефес-трет по големина во Римската Империја. Разгледување на градот со локален туристички водич. Попатна посета на остатоците од Храмот на Артемида-едно од седумте светски чуда, а потоа заминување кон Кушадаси. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 29.04.2019 (понеделник)

 

Појадок. По појадокот заминување на групата кон Измир-древната Смирна, родното место на слепиот поет Хомер. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки на плоштадот Конак. Околу пладне заминување кон Македонија преку протокот Дарданели и Република Грција со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во утринските  часови во вторник на 30. април.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ......... 179 евра (11.100 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус

- Три полупансиони (ноќевање, појадок и вечера- шведска маса) во хотел  Dabaklar 4**** во Кушадаси

- Посета на Измир

- Билет за фериброд

- Организација на аранжманот и  придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Факултативни излети до Памук Кале и до Ефес (автобуски презвоз, влезница во Памук Кале, користење на калните бањи и базените со термална вода во хотел  „Пам“  и ручек на шведска маса,  влезница во  Ефес, влезница во  Куќата на Богородица (со вклучен туристички водич) – 60 евра

- Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници


Официјален застапник


Официјален застапник