Будимпешта - Велигден

БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА - ВИЕНА

Термин: 26 Април

 

1 ден  26.04.2019 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА   Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

 

2 ден   27.04.2019 БУДИМПЕШТА  Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. По разгледот, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Сместување во хотел...  Ноќевање.

 

3 ден    28.04.2019 БУДИМПЕШТА  - ВИЕНА  Појадок. Препорачуваме  посета на  Виена. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта.  Ноќевање

 

4 ден   29.04.2019 БУДИМПЕШТА  - СЕНТ АНДРЕА   Појадок. По појадокот факултативно заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Можност за посета на OUTLET SHOPING CENTER PREMIER Слободно време. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  30.04.2019 СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во утринските  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.03.2019129 евра / 8.000 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  149 евра/ 9.240 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:


  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта (околина)
  • Посета на Outlet Shoping center Premier
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 175 денари
  • Разглед на Будимпешта со локален водич 10€
  • Крстарење по Дунав  15€
  • Посета на Сент Андреа 10€
  • Посета на Виена 35€
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за еднокреветна соба 100 денари

 

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

 

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Дори Травел


Официјален застапник


Официјален застапник