НОВИ САД - Нова Година

НОВИ САД

ФРУШКА ГОРА и СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

29.декември (сабота)  СКОПЈЕ - НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел "Holiday Inn" во 23:00 часот. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 ч. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. 
 
30.декември (недела) НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Сместување во хотел и краток одмор до заминување на разглед на градот: "Српско Народно Позориште" со истоимениот плоштад, плоштадот "Слобода" на кој се наоѓа катедралната црква "Имена Маријаниног" - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата "Змај Јовина" покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - "Владичански двор" изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
 
31.декември (понеделник)  ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ 
Појадок. Полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како "Српска Света Гора" и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта, дочек на Новата 2019 година, на плоштадот "Слобода" или пак можност за факултативна, Свечена новогодишна вечера во ресторан. Ноќевање.

01.јануари (вторник)  НОВИ САД – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности, или факултативна посета на војводински Салаш, кој воодушевува со неговиот автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладнето заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
 

 Цена на аранжманот: 89 € (5.518,оо мкд)


 
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна новогодишна вечера во ресторан 
- Организиран ручек во Салаш  
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здраствено осигурување
 
Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ


Официјален застапник


Официјален застапник