Атина Нова Година

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
29.декември (сабота)                   СКОПЈЕ - АТИНА  


Состанок на групата на паркингот спроти хотелот "Holiday Inn" во 18:30 часот. Поаѓање кон Грција во 19:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

30.декември (недела)                   АТИНА 
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидауални активности и прошетки. Ноќевање.

31.декември (понеделник)          АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Слободен ден во Атина или целодневен факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина. Вечерта, можност за индивидуално присуство на Новогодишната  прослава на Атинскиот плоштад "Синтагма или факултативно - Новогодишна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање. 

01.јануари (вторник)                  АТИНА - СУНИОН - ПИРЕА - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот и Атина, со претпладневна прошетка покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени... рт'от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт' во слава на богот Посејдон. Во враќање, посета на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и на нејзините познати марини. Во попладневните часови, продолжување кон Македонија. Патувањето води покрај Термопилите (споменикот на Спартанците) и клисурата Темби (црквата Агиа Параскеви). Пристигнување во Скопје во доцните вечерни  часови.

 


Цена на аранжманот: 109 € за уплати до 15.11.2018
                    119 € редовна цена


Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативен излет на Пелопонез и Арголида (30€)
- Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Вечера во национален ресторан таверна на Плака
- Патничко здраствено осигуривање 135 мкд
- Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел

 

Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ


Официјален застапник


Официјален застапник