Прага - Нова Година 2019

1 ден 28.12.2018 СКОПЈЕ

Состанок со групата во 15:30ч. на паркингот од спортската сала Борис Трајковски и поаѓање за Прага во 16:00ч., преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден 29.12.2018 ПРАГА

Пристигнување во Прага во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно попладне и вечер за индивидуални активности, прошетки, шопинг. Вечерта факултативно, можност за крстарење по реката В’лтава. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 30.12.2018 ПРАГА

Појадок. После појадокот, разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kарло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица… Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

4 ден 31.12.2018 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Враќање во хотел. Вечерта дочек на Нова Година 2019. Во договорено време враќање во хотел.. Ноќевање.

 

5 ден 01.01.2019 ПРАГА - СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена. Попатна посета на Виена,  разглед на градот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Потоа слободно време за индивудална прошетка. Поаѓање за Скопје во попладневните часови и ноќно возење преку Унгарија и Србија со попатни паузи и пауза за пасошка и царинска контрола.

 

6 ден 02.01.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.11: 179/11.100

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  199/12.340 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел со 3* во Прага – 3 НП (ноќевање + појадок)
  • Организиран разглед со локален водич во Прага
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење на реката В’лтава - 20
  • Целодневна посета на Карлови Вари со локален водич - 25 (за реализација - мин.пријавени 30 патници)
  • Патничко осигурување - 5€
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот  потребени се минимум од 45 патници, за овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Дори Травел


Официјален застапник


Официјален застапник