Нова Година во Атина

Патничка програма: Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

Атина - главен град и најголем во Грција колевка на модерната цивилизација. Модерна Атина е космополитски град додека старогрчка Атина била моќна град-држава и познат филозофски центар - родно место на Сократ, Перикле, Софокле, значајни филозофи. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина.


Ден 1 - 30.12.2016 (петок)

Поаѓање во 21:00 часот од автобуска станица на перонот за меѓународни поаѓања.  Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

Ден 2 - 31.12.2016 (сабота)

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет...) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон...) Сместување во хотел.Слободно попладне.
Дочек на Нова Година. Ноќевање.

Ден 3 - 01.01.2017 (недела)

Појадок. Факултативна – еднодневна  екскурзија до Пелопонез со стручен водич. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соеднинува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез. Ке имате можност да се направат преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавар - родното место на Асклепии, бог-лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот запазен антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио - првата столица на новата Грчка држава. Се посетува златниот град Микена - град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон...Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 4 - 01.02.2017 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотел-9ч.. Факултативно - посета на Пиреа и Сунион најјужната точка Атика (Посејдоновиот храм, Аполоновата обала и Глифада) Слободно време во Глифада. за индивидуални активности .Слободно претпладне. Поаѓање за Скопје во пладневните часови околу 14:00. Пристигнување во Скопје  во  доцните вечерни часови.

 


Цена: 119 еур / 7.354 мкд


 

Во цената се вклучени следниве услуги

•    Превоз со високо туристички автобус
•    Две ноќевања со појадок во  хотел  3*
•    Организиран  разглед на градот со  локален водич
•    Организација и водство на патувањето   

Во цената не се вклучени следниве услуги:

•  Новогодишна вечера  со програма (40 Еур)
• Вечера во таверна на Плака  со програма 30 Еур
• Полудневна екскурзија до Сунион и Пиреа
 (15еур со превоз)
• Целодневна екскурзија  до Пелопонез
 (30 Еур со  превоз и водич)
• Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол(20 еур); Микена(12еур) и Епидавр(12еур)
• Патничко и здравствено осигурување 150 мкд


Важна напомена:

Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 120 дена од денот на патувањето
• Краен рок за пријавување 20.12.2016
• Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
• За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување
• Програмата е лекторирана од лектор Ана Бачваровска
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
• За овој аранжман важат општите услови на патување на Дори Травел и СКТ


Официјален застапник


Официјален застапник