Нова година во Инстанбул

Патничка програма: Автобус / 5 дена / 3 ноќевања

Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие-улици полни со весели и насмеани луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија

Ден 1 - 29.12.2016 (четврток)

Поаѓање во 16:30 часот од автобуска станица на перонот за меѓународни поаѓања. Ноќно возење преку Грција со попатни паузи за одмор.

Ден 2 - 30.12.2016 (петок)

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Слободно време за прошетка и шопинг во еден од  трговските центри во близина, Хисториа. Сместување во хотел. Факултативна посета на најубавата султанска палата со непроценливо богатство, Палатата Долма Бахче Сарај со стручен водич.  Факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на трговскиот центар Џевахир. Ноќевање.

Ден 3 - 31.12.2016 (сабота)

Појадок. По појадокот организиран панорамски разглед на градот со стручен водич: Лалели Џамија, Јени Џамија, Бејазит Кула, Златен Рог, Валенсов Аквадукт, Таксим, Сулејманија, Хиподром. Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела – сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, Црквата Аја Софија, подоцна пренаменета во џамија, а денес работи како музеј; Посета и влез во Патријаршијата – една од 15-те автокефални православни цркви. Враќање во хотел. ФАКУЛТАТИВНО – ДОЧЕК НА НОВА 2017 во национален ресторан со свечена вечера, неограничен пијалок и ориентална програма со музика и танчерки или дочек на отворено во монденскиот дел на Истанбул-Ортакој познат како Истанбулски Монмартр. Ноќевање.

Ден 4 - 01.01.2017 (недела)

Појадок. Факултативна посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино. (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...) Враќање во хотел. Во вечерните часови Турска вечер, факултативна посета на национален ресторан со богато мени, пијалок и ориентална програма: харем шоу, танчерки, фолклорни игри, шоумен, интернационална музика. Ноќевање.

Ден 5 - 02.01.2017 (недела)

   
Појадок. Слободно претпладне. Предлог: шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 1200 улици. Одјавување од хотел. Организирана посета на трговскиот центар Форум со можност за индивидуална посета на Аквариумот. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.

 


Цена: 139 еур / 8.590 мкд


 

Во цената се вклучени следниве услуги

✔Превоз со високо туристички автобус
✔3 ноќевања со појадок во хотел 3* ✔Организиран целодневен разглед  со локален  водич
✔Организација и водство на патувањето 

Во цената не се вклучени следниве услуги:

✘Дочек на Новата Година во национален ресторан со ориентална програма
✘Турска вечер во национален ресторан со ориентална програма на 01.01.2017
✘Крстарење по Босфор (15 еур со превоз и водич)
✘Посета на Палатата Долма Бахче (30 еур со вклучена влезница, превоз и водич)
   ✘ Посета на највисоката зграда во Европа Сафир Сеир терасата 10 еур
   ✘Влезница за Сеир терасата и 4 Д кино
   ✘Влезници за посета на локалитетите со водич: Аја Софија (15 еур) и Топ Капи (15 еур)
   ✘Патничко и здравствено одигурување 185 мкд


Важна напомена:

• Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 120 дена од денот на патувањето

 • Краен рок за пријавување 15.12.2016
• Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
• За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување
• Програмата е лекторирана од лектор Ана Бачваровска
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
• За овој аранжман важат општите услови на патување на Дори Травел и СКТМ


Официјален застапник


Официјален застапник