Виена, Будимпешта и Прага

Патничка програма: Автобус / 6 дена / 3 ноќевања


ПРАГА – културна престолнина на Чешка, град на музеи, галерии, театри, кина... благодарение на својата богата културна историја е еден од најпосетените градови во светот


Ден 1 - 29.12.2016 (четврток)

Поаѓање на групата во 13:00 часот од автобуска станица на перонот за меѓународни поаѓања. Патувањето е преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор.

Ден 2 - 30.12.2016 (петок)

Пристигнување во Виена во предпладневните часови. Организиран разглед на градот: Плоштадот, Рингштрасе, Палатата Холфбург, Парламентот, Виенската Опера, Катедралата Св. Стефан. Слободно време за шопинг. Во предвечерните часови заминување за Прага. Попатни паузи за одмор. Пристигнување во Прага во ноќните часови. Сместување во хотел. Ноќевање

Ден 3 - 31.12.2016 (сабота)

Појадок. Во утринските часови организиран полудневен разглед на градот со стручен локален водич – “Старо Место“ (Карловиот Мост, бистата на Карло IV, Староместскиот Плоштад, познатиот астрономски часовник-Орлој, Градското Собрание, Универзитетот Карло IV, Вацлавските намести, Национален музеј, Новиот и Стариот Кралски дворец, Катедралата Св. Вита, ...) Факултативно крстарење со брод по В’лтава со стручен водич, уживајќи во музиката на Сметана, пијалок и колачи. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за прослава на НОВА ГОДИНА. Враќање во хотел.  Ноќевање

 

Ден 4 - 01.01.2017 (недела)

Појадок. Во утринските часови факултативен излет до најпознатиот бањски комплекс – Карлови Вари со посета на еден од 12-те извори. На враќање во хотел, кратка пауза на штандот на пивара Крушовице. Во вечерните часови организиран трансфер со автобус до центарот на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

Ден 5 - 02.01.2017 (понеделник)

Појадок. По појадокот, во утринските часови, поаѓање за Будимпешта. Пристигнување во Будимпешта во попладневните часови. Разглед на градот со локален водич: Плоштадот на хероите, паркот, мостовите на Дунав, Катедралата   Св. Стефан, црквата на Св. Матеј, Парламентот, брдото Будим со рибарската тврдина, Кралскиот дворец... Факултативно крстарење со брод по Дунав со стручен водич, уживајќи во вкусот на шампањско. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

 

Ден 6 - 03.01.2017 (вторник)

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 


Цена: 169 еур / 10.444 мкд


 

Во цената се вклучени следниве услуги

✔Превоз со високо туристички автобус
✔3 ноќевања со појадок во хотел 3* во околината на Прага
✔Организирани  разгледи на Виена, Прага и Будимпешта  со локален  водич
✔Организација и водство на патувањето (пратител на групата)

Во цената не се вклучени следниве услуги:

✘Крстарење по Влтава 15 еур-превоз, водич, пијалок и колачи
✘ Крстарење по Дунав 15 еур-превоз, водич, чаша шампањско
✘ Излет  - Карлови Вари 25 еур – превоз, водич
✘Влезници за посета на локалитетите
   ✘Патничко и здравствено одигурување 185 мкд


Важна напомена:

• Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
• Краен рок за пријавување 15.12.2016
• Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
• За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување
• Програмата е лекторирана од лектор Ана Бачваровска
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
• За овој аранжман важат општите услови на патување на Дори Травел и СКТМ


Официјален застапник


Официјален застапник