БАРСЕЛОНА 5 Дена / 4 ноќевања

  1. март 2017 (среда) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 04:00 часот. Полетување за Барселона во 06:05 часот. Пристигнување во Барселона во 08:45 часот. Организирано, панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал-главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија- централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Ла Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани, Шпанското село..Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Сместување во хотел. Вечерта, (ако има можност)прошетка по популарната Ла Рамбла. Ноќевање.

 

  1. 0 март 2017 (четврток) БАРСЕЛОНА (факултативна Monserat)

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на манастирот во  Монсерат - планинска тврдина која ја сметаат за срцето на Каталонија. Манастирот е изграден високо на камени формации  во планините северозападно од Барселона, за кои легендите велат дека се обликувани од златниот алат на ангелите. Иако манастирот бил разрушен од Наполеоновата војска, сепак монасите околу средината на XIX век го возобновиле и го задржале неговото значење за каталонскиот народ.  Вечерта можност за организирана факултативна вечер со Фламенко. Враќање во хотел.Ноќевање.

 

  1. 10. март 2017 (петок) БАРСЕЛОНА (факултатива - Фигерас и Герона)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки. Преопрачуваме факултативна посета на Фигерас и Герона - целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат  неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидна колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar....Ноќевање.

 

  1. 11. март 2017(сабота) БАРСЕЛОНА   

Појадок. Факултативно предлагаме посета на стадионот Camp Nou, музејот на ФК Барселона- модерен интерактивен музеј со прекрасни аудио и визуелни приказни… Потоа, факултативно (5 часа), Посета на паркот Guell- ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO, продолжуваме со посета на видиковецот-Тибидабо, кој нуди прекрасен поглед на градот, и завршуваме со посета  на Шпанското село. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

  1. 12. март 2017(недела) БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродром во 07.00 часот. Во 09:20 часот полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје во 12:05 часот.

 

Цена во предпродажба до 28 Декември:  22.260 мкд (359 евра)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 24.740 мкд   (399 евра)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на наведената релација Скопје – Барселона – Скопје со Wizzair
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел 3* на база 4 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Барселона по програмата
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси по лице се 3.100 денари
  • Кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 1.800 ден
  • Багаж за чекирање – куфер до 23 кг е 2.500 денари, куфер до 32 кг е 3.800 денари
  • Посета на парковите на Барселона ( Парк Гуел, Тибидабо, Шпанско село) билет и водич 50 евра
  • Посета на Монсерат 50 евра
  • Фламенко шоу со вечера и пијалок 85 евра / шоу и пијалок 45 евра
  • Посета на Гирона и Фигерас 60 евра ( водич, билет и трансфер)
  • Посета на Аквариумот 20 евра со вклучена влезница
  • Посета на Камп Ноу 32 евра (водич, билет и трансфер)
  • Туристичка такса 1 € по ден на лице се плаќа во хотел
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Патничко – здравствено осигурување 300 мкд
  • Доплата за 1/1 соба 9.300 денари

 

НАПОМЕНИ:

 

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Калкулацијата за факултативните излети е направена на минимум 15 лица, пријавувањето е при резервација во агенција (Камп Ноу, Парк Гуел)
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

 

Општи напомени за патување:

  • Т.А.Дори Травел с го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.


Официјален застапник


Официјален застапник