8-ми Март во Нови Сад

(Автобус)

07.март               СКОПЈЕ - НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел "Holiday Inn" во 23:00 ч. после полноќ. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. 
08.март                    НОВИ САД    
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Сместување во хотел и краток одмор до заминување на разглед на градот: "Српско Народно Позориште" со истоимениот плоштад, плоштадот "Слобода" на кој се наоѓа катедралната црква "Имена Маријаниног" - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата "Змај Јовина" покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - "Владичански двор" изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

09.март              ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ 
Појадок. Полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како "Српската Света Гора" и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта, можност за факултативна - Свечена вечера во ресторан.Ноќевање.

10.март                  НОВИ САД –СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности....или факултативно заминување во посета на Салаш , кој ќе ве воодушеви со неговит автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија .Слободно време за индивидуални активности и "шопинг". Патувањето кон Скопје продолжува во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.


 Цена на аранжманот:  89 Є (5.518,00 мкд)



Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна вечера во ресторан 
- Организиран ручек во Салаш  
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здраствено осигурување други неспоменати посети и услуги

Напомени:    
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.


Официјален застапник


Официјален застапник