8-МИ МАРТ СКОПЈЕ-ПРАГА-ДРЕЗДЕН-ВИЕНА-СКОПЈЕ

Термин 08.03.2017-13.03.2017

 

1 ден 08.03.2017:  СКОПЈЕ – ПРАГАСостанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин во 16:00ч. Поаѓање на автобусот во 16:30 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ден 09.03.2017 ПРАГА: Пристигнување во Прага во пладневните часови.. Предлагаме панорамско разгледување на градот: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. . По разгледот  можност за  крстарење со брод по реката В’лтава.  Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 10.03.2017   ПРАГА – ДРЕЗДЕН: Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.     

 

4 ден 11.03.2017   ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ: Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Слободно време Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера... Ноќевање.

           

5 ден12.03.2017  ПРАГА – ВИЕНА: Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPING CENTER FREEPORT, Знојмо. По пристигнувањето  во Виена, прошетка  низ стариот дел на градот:  Стефан Плац, катедралата Св. Стефан …  Во вечерните часови го продолжуваме патувањето кон Македонија.  Ноќно возење.

 

6 ден 13.03.2017 СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 10 ФЕВРУАРИ: 119 €/7.380 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 €/8.000 ден

 

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања во хотел 3*** во Прага (околина)
  • Организација и водство на програмата
  • Попатна посета на  OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

Цената не вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување 300 денари
  • Разглед на Прага со локален водич 10 €
  • Факултативен излет за Карлови вари  25€
  • Факултативен излет до Дрезден 30€
  • Крстарење со брод по Влтава 15€
  • Вечера во пивница  25€
  • Посета на Виена 5€ (задолзителна доплата во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба 2,550 денари
  • Влезници за локалитетите

 НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот.


Официјален застапник


Официјален застапник