АТИНА 2НП

Атина - главен град и најголем во Грција колевка на модерната цивилизација. Модерна Атина е космополитски град додека старогрчка Атина била моќна град-држава и познат филозофски центар - родно место на Сократ, Перикле, Софокле, значајни филозофи. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина.

 

Термин: 07 Март

 

1 ДЕН  07.03.2018 СКОПЈЕ – АТИНА

 Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

 

2 ДЕН  08.03.2018 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера. Ноќевање.

 

3 ДЕН  09.03.2018 АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Дочек на Нова Година на градскиот плоштад.  Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ДЕН  10.03.2018 АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место  Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

 

05 ДЕН 11.03.2018  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2018: 99 евра / 6.140 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 евра / 6.760 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Автобуски превоз на наведената релација

- Сместување на база  2 НП во хотел 3*

- Организација на аранжманот и пратител на групата

- Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.
 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување 160 ден

- Разглед на градот (10€)

- Факултативна посета на Пелопонез (30 €)

- Вечера во Таверна (35€)

- Посета на Пиреј и Сунион (10€)

- Влезници за локалитетите и други факултативни посети

- Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

 

 

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

* Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.

*Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.

 


Официјален застапник


Официјален застапник