БУДИМПЕШТА, ВИЕНА И СЕНТ АНДРЕА

БУДИМПЕШТА-СЕНТ АНДРЕА-ВИЕНА

 

Термин: 07 Март

1 ден  07.03.2018 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА   Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

 

2 ден   08.03.2018 БУДИМПЕШТА  Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. По разгледот, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Сместување во хотел...  Ноќевање.

 

3 ден    09.03.2018 БУДИМПЕШТА –ПАНДОРФ - ВИЕНА  Појадок. Препорачуваме  посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта.  Ноќевање

 

4 ден   10.03.2018 БУДИМПЕШТА  - СЕНТ АНДРЕА   Појадок. По појадокот факултативно заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

5 ден  11.03.2018 СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во утринските  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2018:  89 евра / 5.520 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  99 евра/ 6.140 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Превоз со високотуристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта (околина)
Организација на аранжманот
Лиценциран туристички придружник
·          Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.
 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

·         Задолжително патничко осигурување  160 денари

Разглед на Будимпешта со локален водич 10€
·       Крстарење по Дунав  15€

·         Посета на Сент Андреа  10€

·         Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 35€

·         Влезници за музеи и културно-историски знаменитости

·         Доплата за еднокреветна соба  3.100 денари

 

 

НАПОМЕНИ:

 За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
·          Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата

·          Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

·          За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

·          Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.

·         Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.


Официјален застапник


Официјален застапник