8-ми Март во Милано

Лаго Ди Гарда, Верона, Лугано, Комо, Венеција

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

06.март (среда)        СКОПЈЕ – ВЕРОНА  
Состанок на групата на паркингот спроти хотел "Holiday Inn" во 11:30 часот. Поаѓање за Верона во 12:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

07.март (четврток)        ВЕРОНА – ЛАГО ДИ ГАРДА
Пристигнување во Верона околу пладне. Разглед на Верона - градот на Ромео и Јулија: разгледот започнува од плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот "Dei Signori" каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Патувањето продолжува кон Езерото Гарда. Разглед на живописниот град Sirmione кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век Scaligera, како и тесните улици, новиот дел на градот е права оаза од преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Сместување во хотел во регионот на Верона. Ноќевање.

08.март (петок)    МИЛАНО 
Појадок. Патувањето го продолжуваме кон Милано. Следи организиран разглед на Милано: тврдината Сфорцеско, "Piazza DUOMO" – централниот плоштад на кој се наоѓа најголемата готска катедрала во светот -  DUOMO, потоа галеријата VITTORIO EMANUELLE која ги поврзува катедралата и миланската скала – една од најпрочуените оперски куќи во светот. Можност за посета на црквата Santa Maria delle Grazie...Сместување во хотел.Слободно попладне за индивидуални активности.Ноќевање.

09.март (сабота)     МИЛАНО – ЛУГАНО (ШВАЈЦАРИЈА) – ЛАГО 
Појадок. Слободен ден во Милано или факултативна посета на Лугано (Швајцарското Монте Карло).Панорамски разглед на Лугано: црквите San Rocco, San Antonio, црквата San Maria di Angelo, стариот град со своите плоштади Piazza Ciochara, Pazza della Reforma, казиното, палатата Civico – Villa Cianni, големиот градски парк еден од најубавите во Швајцарија " PARCO CIVICO "... Следи попатна посета на градот Комо кој е лоциран на истоименото езеро Лаго ди Комо каде многу познати холивудски ѕвезди имаат свои вили како George Clooney (Villa Oleandra), Sting, Richard Branson... место каде се снимени сцени од филмовите како ''Star Wars'' ''Casino Royal'' – James Bond, Ocean's Twelve...Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Милано. Ноќевање.

10.март (недела)           ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Поаѓање кон Венеција. Пристигнување на пристаништето "Пунта Сабиони" во Лидо Ди Јесоло, во предпладневните часови. Превоз со брод "вапорето" до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање со брод до Пунта Сабиони. Патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори.

11.март (понеделник)   СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневни часови.


Цена на аранжманот: 189  (11.718,оо мкд.)



ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената 
- Сместување во хотели *** во околина на езерото Гарда и  Верона на база 1 (НП) , во Милано на база 2 (НП)
- Разглед на Верона, Милано и Сирмионе и Венеција
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето  

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Карти за јавен превоз
- Факултативна посета: Лугано и Комо (35 €)
- Превоз со Вапорето (20 €)
 Туристичка такса од нокевање (се плаќа во хотелите 2-4 €)
 - Индивидуално патничко осигурување 

НАПОМЕНИ:  
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
 


Официјален застапник


Официјален застапник