Барселона

Барселона

Авион / 4 дена / 3 ноќевања со појадок

 

Импресивните и необични градби на Антонио Гауди го чинат овој град единствен, благодарение на широкоградиот дух на Шпанците тој не е само станица на илјадници туристи туку и место каде ќе ја почуствувате топлината на домот.

Искористете ја уникатната можност да ги посетите и искусите од прва рака сите културни и архитектонски зданија кои овој град ги нуди на дофат и уживајте во Паркот Гуел, плоштадот на Кристофер Колумбо, плажата Барселонета, плоштадот Каталунија од каде започнува светски познатата пешачка и шопинг улица La Rambla, плоштадот Еспања со импресивните фонтани, Олимпиското село, брдото Монтжуик, олимпискиот стадион, Камп Ноу, музејот на Дали во Фигерас...

1 ден
СКОПЈЕ - БАРСЕЛОНА
Полетување за Барселона во 18:25 часот. Пристигнување во Барселона во 21:10 часот. Индивидуален трансфер до хотелот. Предлагаме во вечерните часови посета на шоуто на прекрасните Магични фонтани на Plaza Espagna и прошетка низ најпознатата улица во Барселона – вибрантната и секогаш возбудлива Рамбла (Las Ramblas). Ноќевање.


2 ден
БАРСЕЛОНА
Појадок. Можете да ја посетите Дијагонал главната авенија, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија- централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо - местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, плажата Барселонета, Шпанското село, паркот "Гауди". Ноќевање.


3 ден
БАРСЕЛОНА
Појадок. Ден за индивидуални активности, прошетки и можност за шопинг во познатите шопинг центри од градот, или посета на Фигерас – град во кој е роден и каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, прекрасниот град Герона и Монсерат... Ноќевање.


4 ден
БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за прошетка до плажата Барселонета. Можност за посета на Аквариумот - еден од наголемите и најубавите во Европа. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје 21:45 час. Пристигнување во Скопје 00:30 часот.

 

ЦЕНА ОД 151 €

 

Цената ги вклучува следниве услуги:
Авионски превоз на дадената релација / WizzAir
Аеродромски такси
Сместување во хотели во Барселона / база 3 ноќевања со појадок
Цената не вклучува:
Трансфер аеродром – хотел – аеродром со редовна "shuttle bus" линија (18 € во еден правец)
Влезници во музеите и културно – историските споменици


Официјален застапник


Официјален застапник