Амстердам

Амстердам - Градот на вода !!!
Авион 3 дена / 2 ноќевања

Амстердам, град со импресивна архитектура, град кој лежи на бреговите на две водни маси, заливот Ајселмер и реката Амстел. Град кој спие на 160 канали кои го делат на околу 90 островчиња, поради што гордо го носи епитетот - Венеција на Западна Европа. Центарот на Амстердам го краси плоштадот Дам на кој се наоѓа класицистичка кралска палата од 17 век - втората резиденција на кралското семејство, реформистичката Нова Црква од 15 век, и шопинг улицата Калверстрат.

Државниот музеј - Ријкмузеј, Гратскиот музеј, музејот на Ванг Гог, Тропскиот музеј, музеј-куќата на Рембрант во некогашниот еврејски кварт, куќата на Ана Франк , "црвениот кварт" де Вален каде легално се продава канабис, карактеристичните амстердамските куќи околу каналите, многубројните цветни паркови... го прават Амстердам огледало на слободата и уметноста. Може да се каже, дека по своите карактеристики, Амстердам е вистински глобален град.

 

1 ден четврток
СКОПЈЕ - АМСТЕРДАМ
Поагање во Скопје во 03.30 часот Авионот за Ајндховен полетува во 05.30 и слетува во 08.20 часот. Индивидуален превоз до Амстердам, и сместување во Хотел 3*. По пристигнување-. Слободно време за прошетка низ градот, можност за посета на некој од музеите: Ријкс музејот кој е основан од братот на Наполеон (15 до 17 век, со делата на Рембрант), Музејот Ван Гог каде е изложена најголемата збирка на неговите дела, Куќата на Рембрант, Куќата на Ана Франк. Во вечерните часови наша препорака- возење со брод по каналите на Амстердам и доживување на боите на градот на посебен начин, покрај мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање.


2 ден петок
АМСТЕРДАМ
Појадок. Можност за разглед на стариот дел на градот, главниот Плоштад Дам, Кралската палата, Музејот на Мадам Тисо, Новата Црква, Плоштадот Рембрант и Статуата на познатиот сликар... Посета на работилницата во познатата фабрика за дијаманти Coster и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Ноќевање.


3 ден сабота
АМСТЕРДАМ - СКОПЈЕ
Појадок. Индивидуален превоз до Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 08.45 на (На аеродром најдоцна пристигнување во 06.45). Пристигнување во Скопје во 11.30 часот на аеродромот Александар Велики.

 

Цена на аранжманот: од 171€

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
- Сместување во Хотел 3* во Амстердам на база 2 ноќевања со појадок


Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Аеродромски такси 2.480 денари
- Доплата за голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 1.620 денари или
- Доплата - за багаж (1 торба/куфер со максимум 32 kg) 3.120 денари
- Влезници во музеи, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување 200 денари


Официјален застапник


Официјален застапник