Милано

Авион 5 дена / 4 ноќевања со појадок

 

1 ден. (среда)
СКОПЈЕ – МИЛАНО
Полетување за Милано во 10:25 часот. Пристигнување во Милано во 12:20 часот. Индивидален трансфер до хотел, сместување. Ви предлагаме прошетка низ центарот на Милано по една од најпрестижните улици на Милано, Via Montenapoleone, позната по бројните бутици со роба од врвни дизајнери кои ги диктираат светските модни трендови. Ноќевање.

 


2 ден. (четврток)
МИЛАНО
Појадок. Разглед на градот ......Споменикот на Леонардо, Академијата Брера, Катедралата и плоштадот Дуомо, оперската куќа La Scala, галеријата Vittorio Emmanuelle II, црквата Santa Maria della Grazzie каде се наоѓа и едно од ремег делата на Леонардо Да Винчи "Последната вечера"..... Ноќевање.


3 ден. (петок)
МИЛАНО
Појадок. Сободно време за, шопинг или посета на Castello Sforezesco, замок во Милано, куќа на неколку од градските музеи и уметнички колекции. Ноќевање.


4 ден. (сабота)

Појадок. Предлог посета на Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат "Швајцарско Монте Карло". Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Околу Езерото, светскиот џет сет има свои вили и го поминува својот одмор. Тука се снимени и некои од подобрите филмски остварувања, меѓу кои и Казино Ројал – Џејмс Бонд


5 ден. (недела)
МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. Индивидуален трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 08:00. Пристигнување во Скопје во 09:55 часот.

 

Цена на аранжманот: од 140 €

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на дадената релација / WizzAir
- Аеродромски такси
- Сместување во хотели во Милано / база 4 ноќевања со појадок


Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром со редовна "shuttle bus" линија / 10 еур
- Влезници во музеите и културно – историските споменици
Напомени:
- Цената на аранжманот зависи од моментално расположливите места на Авио компанијата


Официјален застапник


Официјален застапник