Минхен

Германскиот град кој со право го заслужува епитетот најкосмополитски или пак град ''со срце'' е престолнината на Баварија, Минхен. Град во кој се испиваат безброј кригли на пиво во месец октомври, изобилието на прекрасни дворци, плоштади, градини, музеи, беспрекорни авении, го прават овој град една од најпоскуваните германски дестинаци. Миксот на архитектура од рококо палати кој кулминира со најсовремени архитектонси решенија, многубројните езера во самиот град и неговата околина, ноќниот живот, како и самите негови жители кои прават да се чуствувате добродојдено во секое време, го даваат впечатокот на дестинација која секако треба да ја посетиме.

Повеќе...

Истанбул

Истанбул – град, спој на култури, инспирација на многу писатели, уметници, сликари. Град за кој се напишани стихови, отпеани песни. Еден од најпознатите градови по своите природни и историски богатства. Alphonse de Lamartine (1790-1869) - познат француски поет и државник рекол: "Ако на светот мораш да погледнеш само еднаш, тогаш погледни го само Истанбул. Таму Господ и човекот, природата и уметноста створиле единствена глетка, која вреди да се погледне". Престојот во Истанбул ќе ги победи сите Ваши сетила. Истанбул е дом на најразлични луѓе и опкружувања. Град кој живее и има дух, а не само име од историјата. "Град кој со вода се спојува, кого вода го разделува", распослан на два континента Азија и Европа, со своето туристичко богатство и богатото културно наследство.

Повеќе...

Стокхолм

Стокхолм е главниот град на Шведска, но и најнаселен град на Скандинавскиот полуостров во кој живее 22% од населението во Шведска. Основан во 1250 год., Стокхолм од секогаш бил и е економски, културен и политички центар на Шведска. Неговата локација се простира на 14 острови. Градот е познат по својата убавина и специфичната архитектура, неговата чистота и опкруженоста со вода како и големиот број на паркови.Познат и како Венеција од северот. Шетајќи низ неговите улици или пак пловејќи по неговите канали ќе сретнете од најмодерни достигнувања на архитектурата до барокни зданија во кои ќе може да го испиете првото утринско кафе со единствен поглед на некоја од многуте палати со прекрасни градини од кои ќе ви застане здивот за миг.

Повеќе...

Париз

Париз, “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на Светот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Во лето, прошетајте покрај Сена, почестете се со кафе во некоја од кафетериите по должина на обалата или едноставно прошетајте низ бројните паркови.

Повеќе...

Берлин

Берлин, најголемиот и главниот град на Германија, нуди прекрасна комбинација на историја, ноќен живот, архитектура и култура. Берлин има скромни почетоци, но заедно со времето прераснува во европска велесила и по риунифицирањето во 1990 г. станува динамичен, креативен, вистински град метропола. Берлин истовремено е познат како еден од најзелените градови во Европа, над 60% од неговата површина се паркови и реки. Создадете ги вашите нови спомени, токму тука.

Повеќе...

Рим

Можеби многу одамна веќе не е “caput mundi” – главен град на светот, но Рим е Вечниот град, каде што модерното и старото, минатото и сегашноста одат рака под рака. Рим е одбраниот град: лулка на Католичката црква, центар на Римската Империја. Рим бил изграден да владее и да доминира со светот, таму се' е масивно, цврсто и “Вечно“. Кога еднаш ќе стапнете во Рим, во најголемиот музеј на отворено, едноставно здивот Ви се одзема. Градските историски, археолошки и архитектонски наследства надополнети со задоволството на одличната италијанска кујна загарантирано ќе Ви го дадат споменот на вашиот живот. 

Повеќе...


Официјален застапник


Официјален застапник