Малта

Малта е Јужно Европска земја, која ја сочинува архипелаг со централна положба на Медитеранот. Нејзиниот главен град е Валета. Со нејзините 316км² копно, таа се вбројува во најмалите земји на светот. Нејзината стратешка положба допринела многу народи да го допрат нејзиното тло, како и да остават зад себе богата историја и културно наследство. Барокниот стил, ренесансата, нео-класичната и модерната архитектура се дел од сегментите кои го сочинуваат нејиниот совршен мозаик. Доживејте го нејиното гостопримство и љубезност, за време на целата година, бидејќи тука дури и зимата ќе ги стопли Вашите срца.

Повеќе...

Копенхаген

Посетете го највозбудливиот, најрелаксираниот и најкосмополитскиот град во Скандинавија, градот во кој се испишани најубавите бајки во светот - Копенхаген. Сместен е на два острова "Zealand" и "Amager", претставува бизнис, културен и научен центар во регионот . Шетајќи низ неговите улици или пак пловејќи по неговите канали ќе се сретнете од најмодерни достигнувања на архитектурата до барокни зданија во кои ќе може да го испиете првото утринско кафе со прекрасен поглед на некоја од многуте палати со прекрасни градини од кои ќе ви застане здивот за миг.

Повеќе...

Венеција

За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и "Огледало на душата", "Кралица на Јадранот", "Градот на вода", "Градот на мостовите и каналите"... Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции.

Повеќе...

Брисел

Главниот град на Белгија, Брисел, не е само главниот град на Европа. Ако досега не сте го посетиле Брисел, тогаш за Вас стои неоткриен еден встински мултикултурен град, кој ќе ве плени со својата архитектура, цветните плоштади со многубројните кафетерии, прекрасните паркови, готксите катедрали..... Брисел е познат по атомиумот, по вкусната кујна, познатото белгиско чоколадо, по немирниот дух на своите жители, бучните улици и големите шопинг центри. Белгија е родното место на стрипот па незаборавјте да го постетите „Comic Strip Centеr" и секако да се напиете од познатото белгиско пиво...

 

Повеќе...


Официјален застапник


Официјален застапник