ГРЦИЈА - ЛЕТО 2017 ВИЛИ И ХОТЕЛИ !!!

 

Закинтос

Островот на желките, бисерот на Јонското море. Веќе 8 години е дел од нашата понуда. Препознатлив по плажата “Navagio”, од која навистина застанува здивот. До неа се доаѓа само преку море, со брод. Но, таа е само една од многуте прекрасни плажи на...

Лефкада - АГИОС НИКИТАС

АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е не ридче помеѓу маслинови и борови дрва  и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална...

ЛЕФКАДА PARTY TRIP - 9 дена

АРАНЖМАН: 9 дена/ 7ноќи | Автобуски превоз | сместување: приватни вили Го нарекуваат островот на зајдисонцата. Популарен поради нескротената убавина на плажите и планинските предели. Легендата за името вели дека е добиено според најјужниот рид...

ЛЕФКАДА PARTY TRIP - 10 дена

АРАНЖМАН: 10 дена/9ноќи | Автобуски превоз | сместување: приватни вили Го нарекуваат островот на зајдисонцата. Популарен поради нескротената убавина на плажите и планинските предели. Легендата за името вели дека е добиено според најјужниот рид...

Лефкада лето 2017

Лефкада или Лефкос е остров во Јонското Море, поврзан со копното со автопат. Лефкада спаѓа меѓу поголемите острови во Грција. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри. Вкупната површина на островот изнесува 336 километри...

Профил

Дори ТравелДПУТ Дори егзистира од 1992 година со основна дејност превоз на патници. Во 2004 година отвара своја деловница - туристичка агенција ДОРИ- денес со комплетна и квалитетна услуга цврсто стои на пазарот.


Туристичка агенција ДОРИ поседува лиценца "А" за вршење туристичка дејност, со број 207,одобрена од Министерството за економија на Република Македонија.


Би сакале посебно да го насочиме Вашето внимание кон трансфер услугите кои Ви ги нудиме. Располагаме со шест автобуси од кој три се високо туристички ( 50 седишта), 4 минубуси( 20 седишта), 1 минибус(23 седишта), 1 комбе( 8 седишта) и еден автомобил.Со ваквиот капацитет на возила секогаш Ви стоиме на располагање најбрзо и најсигурно да стигнете до Вашата посакувана дестинација.


Со помош на дирекниот пристап до AMADEUS системот,во можност сме да Ви обезбедиме најповолни авионски билети за сите континенти,од реномираните авионски компании: MAT, JAT, Malev, Turkish airlines, Croatia airlines, Austrian и многу други.
Ви нудиме и автобуски билети како за редовните така и за сезонските линии во текот на летниот и зимскиот период.


Од областа на туризмот,Ви стоиме на располагање за организарање на екскурзии во Македонија и надвор од неа, хотелско и приватно сместување, лиценцирани туристички водичи. Организираме посета на саеми, семинари, советувања и конгреси.

Исто така во соработка со осигурителните компании Триглав , Еуролинк, и Кроација издаваме полиси за патничко и здравствено осигурување.

ТА ДОРИ денес е официјален застапник за WESTERN UNION -светска организација за брз трансфер на пари.


Официјален застапник


Официјален застапник